Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Блу тек комуникации ДООЕЛ – Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страната www.blutek.com.mk (понатаму: „интернет страна”).
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.
При посета на интернет страната, Блу тек комуникации ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци како име, презиме, адреса и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете заради користење на нашите услуги и производи.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Блу тек комуникации ги обработува Вашите лични податоци за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на интернет страната кон корисниците, односно полесна навигација.
Блу тек комуникации исто така ги обработува вашите податоци за за статистички цели, а се со цел да го подобриме квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци Блу тек комуникации ги врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Вработените во Блу тек комуникации се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.
При посетата на интернет страната од корисниците, Блу тек комуникации може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.
Вашите лични информации при контактирање преку веб страната
Ние ги користиме информациите за да комуницираме со вас – стапиме во контакт.
Контакт на Офицерот за заштита на лични податоци
Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.blutek.com.mk и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци Павле Зафировиќ преку следниот контакт:
- Телефон: 078 252 263
- e-mail: pavle.zafirovikj@blutek.mk
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Блу тек комуникации има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.blutek.com.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.
Друштвo за трговија и компјутерски услуги БЛУ ТЕК КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ Скопје
ул. Даме Груев бр,7-9/3, 1000 Скопје
Датум на ажурирање 12.2021