ЧПП
Најчесто поставувани прашања и одговори
КОЈ ПАКЕТ ДА ГО ОДБЕРАМ?
Тоа зависи од Вашите потреби, дали сакате веб страна или Интернет продавница, од Вашите производи или услуги кои што ги нудите. Во секој од пакетите се вклучени хостинг, SSL сертификат и неограничен трансфер, ажурирање и одржување и локална поддршка. Платформата на БлуТек Ви нуди алатки кои дополнително ќе Ви помогнат во рекламирање и подобро претставување на Вашите производи/услуги на пазарот кој планирате да го таргетирате, се со цел подобра и зголемена продажба
- Ако сакате да имате сопствен вебсајт за присуство на Интернет, одберете го пакетот ОСНОВЕН со кој ќе добиете функционална и респонзивна веб страна со предефинирана структура, што ќе ги содржи следните модули: Headline & Cover image, Галерија, Мисија, Изјави од корисници, За нас, Локација со Google мапа, Контакт информации.
- Ако сакате Интернет продавница на располагање Ви се 3 пакети: СТАРТЕР, БИЗНИС И ПРОФЕСИОНАЛ. Во зависност од Вашите потреби го одбирате соодветниот пакет. Со секој од пакетите добивате вебсајт + Интернет продавница, продавница на Фејсбук која во реално време се синхронизира со сајтот и можност интернет продавницата да стои како засебен вебсајт или да ја интегрирате кон постоечки веб сајт. Во пакетите Бизнис и Професионал се вклучени мулти-лингвална опција како и андроид/иос апликација за Вас како трговци со која ќе можете да ја менаџирање Интернет продавницата, да ги следите нарачките и плаќањата, да направите промена или да додадете нови производи и кога сте во движење. За секој од пакетите се нуди можност за сетирање на сопствен виртуелен пос преку интеграција со платежниот систем на Casys.
Дали имам дополнителни трошоци како хостинг, сигурносен сертификат и слично ?
Не. Во секој од пакетите се вклучени хостинг, SSL сертификат и неограничен трансфер, ажурирање и одржување. Не се грижите за инсталирање, надградба или одржување на кој било софтвер или веб-сервер.
Дали е потребна инсталација на софтвер за да го креирам мојот веб сајт / Интернет продавница ?
Не е потребна инсталација на софтвер, добивате пристап на клауд базирана платформа. Ова значи дека не е потребна инсталација, само се најавувате на контролниот панел. Откако ќе склучите договор за некој од пакетите ќе добиете пристап до овој панел. Сите поставувања и информации за вебсајтот/Интернет продавницата и нарачки се вршат од контролниот панел лоциран на https://my.shopsettings.com/p/j_blutek .
Може ли да го променам планот за претплата откако ќе ја користам услугата некое време?
Да. Ако ја промените претплатата пред да истече, исто така можете да го задржите целиот кредит што останува на вашата сметка. Како пример: да речеме дека користите пакет Стартер и Ви остануваат уште 15 дена до крајот на месецот. Но, сега сакате пакет Бизнис. Сметката за првите 15 дена ќе биде фактурирана по пакетот Стартер, а преостанатите денови до крај на рокот за плаќање тој месец ќе се фактурираат по пакетот Бизнис, така што нема да Ви се наплати повеќе. Истото важи и за обратното, доколку одлучите да преминете од планот Бизнис во Стартер.
Од каде да почнам, како да ја сетирам мојата веб страна / Интернет продавница ?
Откако ќе креирате Ваша сметка преку Блу тек Комуникации, Ви веќе имате предефинирана веб страна. Потребно е да го одберете дизајнот од веќе постоечките или да креирате сопствен хедер, да одберете кои од модулите што Ви се дадени ќе ги користите и да ги пополните со текст или слики. Целиот процес можете да го следите преку видео на следниот линк или да симнете упатство во пдф формат од следниот линк
Кој платежен систем преку Интернет може да се користи во Интернет продавницата?
Платформата нуди повеќе опции за поставување плаќања на вашата Интернет продавница. Можете да користите 2Checkout, cPpay процесор за кредитни картички, e- банкарство или да ги користите опциите плаќање при достава или плаќање во продавница. И, се разбира, можете да испраќате фактури. За да користите сопствен виртуелен пос од cPay, можете да ја користите интеграцијата cPay.com.mk payment module што е веќе вградена во нашиот систем